,,Делата Делчеви се достојни за поклон и слава”- под ова мото, денес ООУ,, Гоце Делчев” с.Вељуса го одбележи својот патронен празник!

мај 4, 2018

,, Делата Делчеви се достојни за поклон и слава”- под ова мото, денес ООУ,, Гоце Делчев” с.Вељуса го одбележи својот патронен празник, на кој беа изведени низа активности од страна на учениците под менторство на наставниците. Пред споменикот на големиот учител наш беше прочитан реферат за Гоцевиот живот и дело и полежено свежо цвеќе. Учениците од рецитаторската секција и хорот изведоа музичко-поетски рецитал и уште еднаш достоинствено, искрено и со поклон му оддадоа почит на својот патрон Гоце Делчев. Чествувањето заврши со спортски натпревар помеѓу чениците од предметна настава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ