Perdormire
Настан

АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА СО СОЛИСТИЧКИ ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ ВО ВАЛАНДОВО!

Во 2016 година, токму на Велигден го одржав мојот прв солистички концерт воопшто. Драго ми е што Велигден 2018 ќе го одбележам со нов голем концерт на мојата прва музичка средба со валандовчани. Во недела, 8 април од 20:30 часот, заедно со D-ZOO ќе направиме голема велигденска дружба на плоштадот во Валандово.

Влатко Сапламaев (клавијатури), Ристе Невеселов (гитара), Пенче Кралев (бас гитара) и Момчило Делев (тапани) се момците со кои ќе ги отсвириме „Врати ми го сонцето“, „Еве ме пак“, „Зошто баш ти“, „Најмило мое“, „За сто години“, „Солза за крај“ и уште многу други ваши омилени песни.

Празничниот концерт е од бесплатен и отворен карактер во организација на Агенцијата EVENTUM, а поддржан од Општина Валандово.