УБАВИ СМЕ, СВОИ СМЕ – НА 2 ДЕКЕМВРИ МОДНА РЕВИЈА ВО ХОТЕЛ ВИЛА ПАРК!

октомври 22, 2018

Секој декември здружението „Вера“ од Струмица организира настан каде се вклучени лицата со ретки состојби. Оваа година на 2 декември во 16:00 часот во Хотел Вила Парк во Струмица, ќе со одржи модна ревија со наслов: Убави сме, свои сме!

И оваа година повторно 15 модели,  ќе бидат придружени со познати личности. Но, оваа година на сцената ќе бидат и другарчињата на моделите. Ќе ги бодрат, ќе се радуваат со нив и ќе ѕенѕаат на музиката.

Годинава нема да се плаќа влез, меѓутоа ќе биде поставена кутија за донација.

Ве каниме да дојдете на убавини и чиста љубов. ♡

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: