strumica denes logo

ЗОРАН РИСТОВ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛОВНОТО ДРУШТВО „БЕЛАСИЦА“

Автор:

Датум:

август 24, 2025

Автор:

Датум:

август 24, 2025

Ловното друштво „Беласица“ од Струмица започнува ново поглавје во своето постоење. На вонредното собрание одржано на 24 август 2025 година во Домот на АРМ, со едногласна одлука беше избран нов претседател – Зоран Ристов.

Со овој избор, друштвото официјално се враќа во рацете на своите членови, што претставува историски чекор кон поголема демократизација, отчетност и транспарентност во неговото функционирање.

„Ова е крај на една ера и почеток на нова – ера во која ЛД ‘Беласица’ ќе се води од луѓето што ја сакаат, ја живеат и ја градат со љубов,“ порачуваат од друштвото.

Новоизбраниот претседател Ристов ја презема одговорноста со визија за стабилен развој, транспарентно управување и активно вклучување на сите членови во процесите на одлучување. Во наредниот период ќе следат конкретни чекори за организациско и инфраструктурно зајакнување, меѓу кои воспоставување на јасни механизми за управување и директно вклучување на членството во сите значајни одлуки.

Од ЛД „Беласица“ упатија повик до сите љубители на ловот – сегашни и поранешни членови – да се приклучат во процесот на обновување и заедно да помогнат друштвото повторно да го заземе своето место на врвот на македонскиот лов.