strumica denes logo

ВО СТРУМИЦА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОСМИОТ МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ПО АРХЕОЛОГИЈА – „ТЕРАКОТА И ГРНЧАРИЈА: ОД ЕНКИДУ ДО ЗГРАФИТО“

Автор:

Датум:

ноември 4, 2025

Автор:

Датум:

ноември 4, 2025

Од 6 до 9 ноември 2025 година, хотелот „Сириус“ во Струмица ќе биде домаќин на Осмиот меѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“. Настанот се организира од страна на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Уметноста на создавање од земја отсекогаш претставувала фасцинантен начин на изразување кој го следи човештвото низ милениумите. Магичната разновидност на глината ја инспирирала не само човековата рака, туку и божественото во митологијата на различни цивилизации – од Аруру и египетскиот Хнум, преку грчкиот Хефест, па сè до библискиот Господ Бог. Универзалната желба за создавање „сопствен Енкиду“ – глинениот човек, е нишка што ги поврзува боговите и луѓето низ историјата.

Кога Прометеј им го подарил огнот на луѓето, тој ја разгорел нивната креативност и го означил почетокот на создавањето уметнички дела што ја надминуваат секојдневната употреба и преминуваат во духовната димензија.

Симпозиумот има за цел да иницира академска дебата за потеклото, развојот и културното значење на керамиката низ времето и просторот. Настанот ќе трае два работни дена и ќе собере дваесет археолози од седум земји, кои ќе се претстават со вкупно 16 научни трудови.

Овој меѓународен собир претставува значајна можност за размена на знаење, искуства и современи археолошки интерпретации, во духот на соработката и зајакнувањето на врските меѓу научните институции од различни земји.

📍 Локација: Хотел „Сириус“, Струмица
📅 Датум: 6–9 ноември 2025 година
🎯 Организатор: НУ Завод и Музеј – Струмица
🤝 Поддржано од: Министерство за култура на Република Македонија

  • Banner