strumica denes logo

ВО ПРЕПОЛНА САЛА ПРОМОВИРАНА КАНДИДАТУРАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПЕТАР ЈАНКОВ И СОВЕТНИЧКАТА ЛИСТА ПРЕДВОДЕНА ОД Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ!

Автор:

Датум:

септември 28, 2025

Автор:

Датум:

септември 28, 2025

Во преполната спортска сала „Парк“ во Струмица, кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков, ја промовираше својата кандидатура, како и советничката листа предводена од Д-р Никола Маџунков. Настанот беше исполнет со енергија, ентузијазам и поддршка од бројните присутни граѓани, кои со громогласен аплауз ја изразија својата доверба во новата визија за развој на градот.

Во своето обраќање, Јанков порача дека е време за нова визија и обединета Струмица, која ќе биде заедничко семејство и дом за сите граѓани, без поделби и политички интереси. Тој нагласи дека Струмица треба да му припаѓа на народот, а не на политичарите, повикувајќи на сплотеност, одговорност и чесна работа во интерес на сите струмичани.

Како што истакна, оваа промоција претставува почеток на едно големо движење, кое ќе донесе промени, надеж и победа за секој струмичанец. Јанков додаде дека преку јасна програма, визија и силен тим, ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди реални решенија за подобар живот во општината.

Настанот помина во свечена и инспиративна атмосфера, со бројни пораки за единство, заедништво и нов почеток за Струмица.