Во времиња кога вредностите, спомените и историското достоинство често се ставаат на тест, кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков, со гордост ја продолжува семејната традиција на борба, отпор и љубов кон татковината.
Петар Јанков не е само уште едно име во политиката, тој е внук на народниот херој Благој Јанков – Мучето, струмичанец кој го положи животот во борбата против фашистичкиот бугарски окупатор. Мучето беше еден од првите симболи на непокорот, еден од првите кои ја платија цената за слободата, жртва на удоволувањето на бугарските барања, уцени и условувања, кога се газеше врз вистината и достоинството на македонскиот народ.
Денес, внукот на Мучето, Петар Јанков, ја продолжува таа борба, не со оружје, туку со визија, идеали и верба во правдата и чесноста. Неговиот пат како што вели тој е пат на обновување на достоинството, враќање на вистината и создавање на општина во која спомените не се бришат, туку се слават.
Приказната на Петар Јанков, внукот на Мучето, е потсетник дека времето може да минува, но корените и вистината не можат да се избришат.