ВЛАДИМИР РИСТОВ: Струмица ги има најскапите контејнери во Македонија – Еден контејнер чини 8.000 евра!

декември 14, 2023

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Костадинов набави контејнер од 8000 евра

Општина Струмица откако ги нарача најскапите клупи во државата, ги нарача и најскапите контејнери во државата.

Градоначалникот Костадинов потпишал договор за јавна набавка со кој набавува 20 контејнери по цена од 9.717.300 денари или за еден контејер 485.865 денари, приближно 8000 евра.

Цената се однесува само на набавката на контејнери, не и за монтажа бидејќи нивното поставување, од објавите на општината, е обврска на комуналното претпријатие.

Со плаќањето на оваа цена, Струмица ги добива најскапите контејнери во државата. Истите полуподземни контејнери за мокра фракција од 5 метри кубни, од информациите на бирото за јавни набавки, поевтино ги имаат набавено повеќе општини во државата меѓу кои Куманово и Охрид, а Општина Прилеп со договор за јавна набавка контенјерите со иста спецификација ги има набавено за 4800 евра, далекy поефтино од цената која ја има платено Струмица.

Доколку ги споредиме цените на полуподземните контејнери низ градовите на Балканот и Европа, можеби ќе ги имаме најскапите контенјери и во овие географски категории.

Струмичани со право го поставуваат прашањето која е причината јавните набавки во Општина Струмица да бидат по енормно високи цени?

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ