ВИСТИНСКИ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ: ДЕЈАН ЕФТИМОВ Е НОВИОТ НАЧАЛНИК НА СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА!

февруари 8, 2024

Струмичката полиција доби нов началник кој е вистински професионалец со долгогодишно искуство. Ефтимов освен со СВР Струмица ќе радоводи и со ОВР Радовиш, ОВР Гевгелија, ОВР Валандово, ПС Дојран, ПС Богданци и ПО Ново Село. Ефтимов својот професионален ангажман го започнува како доброволец во воениот конфликт од 2001 година, а подоцна како радоводител на орг, единица во МВР. Ефтимов учествувал во најкомплексните безбедносни акции на подрачјето каде има работено.

Образование:
-Основно: 1984-1992- ООУ “Сандо Масев” Струмица
-Средно: 1992-1996- ТТУЦ “Никола Карев” Струмица
-Високо: 1997-2002- Правен факултет “Јустенијан I” Скопје
-Правосуден испит

Дополнително образование:

-Сертификат (обука организирана од ОБСЕ) од областа на НТШ.
-Сертификат ( обука организирана од ОБСЕ) за менаџмент на Полициска Станица
-Сертификат за менторство(обука организирана од Центар за обука -МВР)
-Сертификат за обучен оценувач (обука организирана од Центар за обука- МВР)
-Обука од областа на трговија со луѓе(обука организирана од ОБСЕ)
-Обука од областа на семејното насилство(обука организирана од ОБСЕ)
-Сертификат за обучен обучувач(обука организирана од Центар за обука- МВР)
-Сертификат за ИСО стандарди (обука организирана од Центар за обука- МВР)

Работно искуство и работни места:

Во МВР од 2001 година!
-Полицаец во ЕБИ “Лавови”
-Полицаец во ПС- ОН Струмица
-Инспектор во општ криминал во СВР Струмица
-Командир на ПС- ОН Струмица
-Командир на ПС- БПС Струмица
-Комесар за собраќајни работи при СВР Струмица
-Командир на ПС-ОН Радовиш
-Главен инспектор за првенција СВР Струмица
-Инспектор за странци и реадмисија
-Началник на ОДД. за прекршоци Струмица
-Главен советник во Одд. за прекршоци Струмица

Честитки од тимот на Струмица Денес и успешна работа!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ