strumica denes logo

ВИЕ СТЕ СИЛАТА ШТО ГО ДРЖИ ГРАДОТ ИСПРАВЕН: ПЕТАР ЈАНКОВ ВО ПОСЕТА НА ОНИЕ КОИ НЕ ПОЗНАВААТ РАБОТНО ВРЕМЕ!

Автор:

Датум:

јануари 3, 2026

Автор:

Датум:

јануари 3, 2026

Во пресрет на дочекот на Новата година, градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денеска ги посети институциите и службите кои и за време на празниците остануваат на своите работни места.

Јанков оствари средби со вработените во Центарот за управување со кризи, Полициската станица, Општата болница, ЈЗУ Стоматологија и Брзата помош. Во рамки на празничната агенда, тој ги посети и Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“, вработените во Филтер станицата и Територијалната противпожарна единица. Покрај дежурните служби, градоначалникот посети и неколку семејства од социјален ризик.

На сите вработени им беа врачени симболични подароци наменети за нивните работни места. Јанков ги нарече овие професионалци „тивките херои на нашиот град“ кои со голема одговорност се грижат за безбедноста, здравјето и благосостојбата на струмичани.

„Им благодарам на сите вработени што не познаваат работно време кога е во прашање јавниот интерес и хуманоста. Вие сте силата што го држи градот исправен, дури и кога сите други се подготвуваат за празнување,“ истакна Јанков. Тој на сите сограѓани им посака среќна и благословена 2026 година, исполнета со здравје и мир.