strumica denes logo

УТРЕ АЈВЕРИЈАДА ВО БОСИЛОВО – ЗАБАВА И ДЕГУСТАЦИЈА НА ТРАДИЦИОНАЛНИ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ!

Автор:

Датум:

септември 27, 2025

Автор:

Датум:

септември 27, 2025

Во центарот на Босилово, утре со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи традиционалната Ајверијада – манифестација која на уникатен начин ја слави домашната гастрономија и вкусот на традицијата.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на специјалитети од ајвер, подготвени со љубов и мајсторство од локални домаќинки и учесници, како и да бидат дел од една весела, шарена и мирисна забава која го обединува духот на заедништвото.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на добриот вкус и македонската традиција да присуствуваат и да ја почувствуваат магијата на овој препознатлив симбол на есента.