strumica denes logo

УЧЕНИЦИТЕ НАВРЕМЕНО ЌЕ ДОБИЈАТ УЧЕБНИЦИ!

Автор:

Датум:

јуни 23, 2026

Автор:

Датум:

јуни 23, 2026

Министерството за образование и наука годинава повторно обезбедува навремена набавка и испорака на учебници, а според најавите, сите ученици ќе ги имаат потребните наставни помагала пред почетокот на новата учебна година.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека процесот на набавка започнал порано во однос на претходните години и оцени дека системот за обезбедување учебници конечно е стабилизиран.

„Трета година по ред имаме навремена набавка и испорака на учебници. Ова прашање кое долго време беше проблематично сега е надминато и можеме да се насочиме кон други реформи за подобрување на образованието“, рече Јаневска.

Таа информираше дека учебниците за учениците од прво до трето одделение веќе се набавени и доставени, а станува збор за околу 250 илјади примероци. При процесот на печатење, според МОН, во изминатиот период биле остварени заштеди од околу 45 милиони денари.

Во наредните денови ќе започне дистрибуцијата на учебниците за повисоките одделенија во основното образование и за средношколците. Од Министерството велат дека ќе бидат обезбедени и учебници по странски јазици.

Исклучок се деветтоодделенците и учениците од трета година средно образование, за кои согласно образовните реформи се предвидува изработка на нови наставни програми и учебници во следниот период.

Од Педагошката служба посочуваат дека годинава е зголемена одговорноста за користење на учебниците, со најголем поврат на средства за оштетени или изгубени примероци.

Учебниците се достапни и во електронска форма преку платформата на Министерството за образование и наука.