strumica denes logo

Триото „Бравура“ од Штип со концерт во Музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица!

Автор:

Датум:

мај 27, 2025

Автор:

Датум:

мај 27, 2025

На 29 мај (четврток), љубителите на класичната музика во Струмица ќе имаат ретка можност да уживаат во концертот на истакнатото трио „Бравура“ од Штип, кој ќе се одржи во просториите на ДМУЦ „Боро Џони“. Настанот започнува во вечерните часови и е отворен за сите почитувачи на уметноста и културата.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Концертот е дел од културната програма поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и има за цел да ја приближи класичната музика до пошироката публика, особено до младите генерации.

Триото „Бравура“, составено од врвни музичари, познати по својата изведувачка прецизност и емоционалност, ќе приреди вечер исполнета со врвни музички дела од светската и домашната класична сцена.