Денеска, на празникот Василица, кога според народната традиција се дели паричка во лебче како симбол на среќа, бериќет и здравје, оваа убава практика беше одбележана и меѓу жителите на Булевар „Маршал Тито“ бр. 10.
Во духот на заедништвото и празничната атмосфера, жителите и оваа година се собраа за да ја продолжат традицијата што ја негуваат повеќе од 15 години. Со радост, дружење и празнично расположение, беше скршено лебчето со паричка, а годинава среќата ѝ се насмевна на Костадинка Панова.
Овој настан е уште еден доказ дека василичарските обичаи сè уште живеат меѓу граѓаните и претставуваат повод за зближување, почитување на традицијата и споделување на убави моменти.
Од настанот се доставени и фотографии кои ја доловуваат празничната атмосфера и духот на Василица.
























