Во просториите на СВР Струмица, на 17 март 2026 година, успешно беше реализирана крводарителска акција по повод Денот на крводарителството во Република Северна Македонија.
Акцијата беше организирана во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Струмица и СВР Струмица, при што беа собрани вкупно 27 крвни единици.
Од Црвен Крст-Струмица информираат дека акцијата поминала во одлична атмосфера, со голем одзив и високо ниво на хуманост од страна на крводарителите. Со своето учество, тие уште еднаш ја покажаа својата несебичност и подготвеност да помогнат, дарувајќи надеж и шанса за живот на оние на кои тоа им е најпотребно.
Воедно, беше упатена искрена благодарност до сите учесници во акцијата, со порака дека нивниот хуман гест претставува пример за општествена одговорност и солидарност во заедницата.



























