strumica denes logo

СТРУМИЦА ГИ БИРА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ ЗА 2025 ГОДИНА!

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Категории:

Македонија, Спорт

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Категории:

Македонија, Спорт

Под покровителство на градоначалникот Петар Јанков и Советот на Општина Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, во соработка со спортските новинари и спортските работници, ќе се одржи традиционалната годишна спортска манифестација „Избор и прогласување на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери на општина Струмица за 2025 година“.

Манифестацијата има за цел да ги истакне и награди најуспешните поединци и екипи кои со своите резултати, посветеност и спортски дух ја одбележале изминатата година. Признанијата ќе се доделуваат во три категории: екипен спорт, индивидуален спорт и спортска надеж.

Доставувањето на предлози е во тек и ќе трае до 20 јануари 2026 година (вторник), на е-пошта: sportiststrumica@gmail.com
.
За датумот и местото на одржување на свеченоста, јавноста ќе биде дополнително информирана.

  • Banner