Се намали бројот на родени, умрени, бракови и разводи – Покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

март 2, 2023

Во четвртото тримесечје од 2022 има негативен прираст, соопшти на 28 февруари Државниот завод за статистика, односно бројот на починати е за 616 поголем од бројот на живородени деца.

Во четвртото тримесечје од 2022 година живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4,7 отсто.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26,8 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5 043 лицa, од кои девет се умрени доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 762 бракови и нивниот број е намален за два отсто во споредба со истиот период од 2021 година.

За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Македонија според последниот полис од 2021, има 1,8 милиони жители, за 185 илјади помалку во споредба со последниот попис од 2002. Бројот на стари луѓе се зголемува, на сметка на огромното намалување на млади и работоспособни луѓе, а се раѓаат и помалку бебиња.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ