СДСМ ја започна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети

февруари 22, 2024

СДСМ ја започна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети

Со логото на СДСМ и со слоганот “Повеќе за сите” утрово Скопјани ги дочекаа стотици билборди низ главниот град на Македонија.

Само со мала проверка, може да се заклучи дека традицијата на СДСМ за “позајмување” на политички слогани од други партии и компании продолжува.

Слоганот “Повеќе за сите” пред само неколку месеци го употребува во својата кампања синџирот на супер маркети од Холандија “Шпар”, додека, пак, пред 2 години овој слоган го употребил уште еден ланец на продавници “Лидл”.

Во 2008 година СДСМ на изборите искористи лого од фирма за банани, а оваа година од супер маркети. Останува непознато на што се должи фасцинацијата на оваа партија од фирми со ваков тип на стопанска дејност.



Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ