strumica denes logo

СДС повторно во прегратка со Али Ахмети за локалните избори!

Автор:

Датум:

јуни 8, 2025

Автор:

Датум:

јуни 8, 2025

Во гостување на поткастот „Претрес со Ландов“ потпретседателката на СДС Ана Чупевска со возбуда и восхит збореше за Али Ахмети и нивната можна коалиција на локалните избори.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

И после казната на ланските избори СДС повторно размислува да падне во прегратките на ДУИ. Ана Чупеска во интервјуто беше прашана дали планираат повторно да го носат ДУИ на плеќи.

– Ние сме отворени да соработуваме со сите партии, меѓу нив е и ДУИ. Коалицирањата ќе бидат „Тејлор Мејд“ во околностите кои треба да бидат бирани кандидатите, одговори Чупеска.

Додаде дека доколку принципиелните позиции кои што би ги договориле не биле доведени во прашање, не би имале проблем СДС да коалицира со Али Ахмети.

– Искусен политичар е Али Ахмети, доста искусен. Тој збор мислам дека многу кажува. Он има вистина големо искуство во политиката и вешто ги брани интересите на луѓето кои ги застапува, одговори Ана Чупеска на прашањето, какво мислење има за Али Ахмети.