Просечната плата во јануари била 40.000 денари – за дел од работниците е сон!

март 25, 2024

Просечната плата во јануари e, безмалку, 40.000 денари, но дел од работниците во земјава се со примања далеку под овој износ. Просечната нето плата во јануари изнесува речиси 40.000 денари, објави Статистика. Во однос на истиот месец лани бележи раст од 6,5 проценти.

Но, намалување на просечната плата е забележано во градежништвото, преработувачката индустрија, поправката на моторни возила, трговија на мало и големо. Сепак од табелите може да се види дека во јануари во повеќе сектори на вработените им била поделена плата од просечните 40.000 денари.

Најниска сума е евидентирана во дејноста административни помошни и услужни дејности, нешто над 21.000 денари. Тука се и од преработувачката индустрија. Во делот на производство на облека, кожа била поделена плата од над 25.000 денари. Со слични примања се и некои гранки од секторот земјоделство и шумарство.

Во производството на прехранбени производи, хартија тутун, текстил, платите во јануари биле над 30.000 денари, но не го стигнале просекот. Оние, пак, со далеку повисоки примања и од просечната се вработените во дејноста компјутерско програмирање, каде надминува 90.000 денари, во воздухопловниот транспорт, телекомуникациските услуги, во фармацевската индустрија, а со подобри примања се и оние од финансискиот сектор.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ