strumica denes logo

Претрес во струмичко, пронајдени 19 стебла канабис кај 18 годишно момче од Добрејци!

Автор:

Датум:

јуни 30, 2025

Автор:

Датум:

јуни 30, 2025

На 29.06.2025 во 01.10 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.В.(18) од с. Добрејци, струмичко. При преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што во дворното место биле пронајдени 19 стебла канабис. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Ф.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.