strumica denes logo

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ДЕКА ДОАЃА НОВА ЕРА ЗА МАКЕДОНИЈА – ИЗГЛАСАН Е ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО!

Автор:

Датум:

мај 28, 2025

Автор:

Датум:

мај 28, 2025

Собранието го изгласа Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство – Македонија чекори кон силно меѓународно сојузништво

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Собранието на Република Македонија го изгласа Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, што претставува значаен чекор напред во надворешната политика и меѓународната соработка на земјата.

Премиерот Христијан Мицкоски го поздрави донесувањето на договорот, оценувајќи го како силен сигнал за стабилност, раст и зајакнување на билатералните односи со една од највлијателните и најразвиените држави во светот.

„Ова е силно сојузништво со една од најсилните држави. Ова носи економски и политички придобивки за заедничката иднина на сите наши граѓани“, истакна Мицкоски.

Според премиерот, договорот претставува реализација на конкретни чекори кои ќе ја доближат Македонија до посакуваните евроатлантски вредности и ќе отворат нови можности за инвестициски проекти, трговија, иновации и образовна соработка.

„Промените се случуваат и веќе се чувствуваат. Ова е уште еден доказ дека Македонија оди напред“, порача Мицкоски.

Договорот со Обединетото Кралство се смета за еден од клучните документи кои ја потврдуваат определбата на државата кон стабилни и продуктивни меѓународни односи, со фокус на долгорочен развој и благосостојба на граѓаните.