strumica denes logo

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ВО ПОСЕТА НА ХРАМОТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

септември 28, 2025

Автор:

Датум:

септември 28, 2025

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во текот на реконструкцијата на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, проект кој се реализира со поддршка од Министерството за култура. Делегацијата ја пречека викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во состав на делегацијата беа министерот за култура Зоран Љутков, директорката на Управата за заштита на културното наследство Весела Честоева, потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, директорот на Завод и музеј – Струмица Бранко Горгиев, директорот на НУЦК „Антон Панов“ Драган Маџиров, како и пратеници во македонското Собрание, општински советници и претставници на голем број институции.
За реализација на основниот конзерваторски проект за црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица е обезбеден буџет од 15 милиони денари. Министерството за култура ќе учествува и со 1,2 милиони денари за санација на кровот на манастирот „Св. Леонтиј“ во селото Водоча.

Посетата имаше за цел да се согледаат досегашните активности и динамиката на изведбата, со што се овозможува зачувување на значајното духовно и културно наследство на Струмичкиот регион.

  • Banner