strumica denes logo

Пред локалните избори во Струмица СДСМ пак го актуелизира баџанакот на Мицкоски и пласира лажни вести!

Автор:

Датум:

август 13, 2025

Автор:

Датум:

август 13, 2025

Лиценцата за полагање на возачки испити за Струмица е добиена во 2023 година и таа е валидна, напиша на својот фејсбук-профил Столе Иванов, директорот на Центарот за полагање на возачки испити по информациите дека министерот Панче Тошковски ја доделил таа лиценца на Јорданчо Jaнев, баџанакот на македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Во Струмица пред локалните избори разединетоста во општинската организација на СДСМ резултира со бројни шпекулации и манипулации. Герасим Лазов, истакнат активист и член на Централниот одбор на СДСМ на социјалните мрежи пишува дека е можно министерот Тошковски да доделил тендерот за полагање на возачки испити во Струмица на баџанакот на Христијан Мицкоски, Јорданчо Јанев.

Тој прашува дали Панче Тошковски наместил тендер за истиот да го добие Јорданчо Јанев, баџанак на премиерот Христијан Мицкоски. „Дали баџанакот на премиерот Мицкоски, Дано камионџијата го има земено тендерот за испитниот центар за полагање на возачки испит за Струмица и околината? Дали Панче Тошковски го наместил тендерот баш баџанакот Дано да го добие? Вие патриоти на батерии пуштете си ја заветна и посилно плускајте“.

По овие информации од социјалните мрежи, пренесени и по некои портали, веднаш се јави Столе Иванов. „Ги замолувам поединци и некои портали да престанат да објавуваат неточни информации за Центарот за полагање во Струмица. Лиценцата Центарот ја доби уште во 2023 година и таа сѐ уште е валидна. Така, лажни се информациите за доделен нов тендер од МВР, а и каква било поврзаност на лицето Јорданчо Јанев со овој центар“, напиша Иванов.