strumica denes logo

ПОЗИТИВНИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Ново зголемување на пензиите – еве кога и колку ќе се зголемат!

Автор:

Датум:

октомври 29, 2025

Автор:

Датум:

октомври 29, 2025

Пензионерите во Македонија можат да очекуваат ново зголемување на пензиите во март 2026 година, кога, според сегашните пресметки, пензиите ќе пораснат за околу 1.000 денари. Дополнително, во септември 2026 можно е и линеарно зголемување, зависно од состојбата со буџетот и растот на просечната плата.

Ова го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на денешната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог-буџетот за 2026 година.

– „Илјада денари добија пензионерите и сега, а согласно сегашните пресметки, исто толку ќе биде и во март следната година. Во септември, пак, Владата ќе одлучи дали ќе има и дополнително, линеарно зголемување,“ – изјави министерката.

Таа објасни дека растот на пензиите е поврзан со растот на просечната плата, која природно се зголемува поради недостиг на работна сила и економските движења на пазарот.

– „Очекуваме дека пензиите и понатаму ќе растат согласно законот и економските трендови. Се работи за природен процес – раст на платите, раст на продуктивноста и раст на пензиите,“ додаде Димитриеска – Кочоска.

Според проекциите на Министерството за финансии, во 2026 година ќе продолжи трендот на стабилен економски раст, што ќе овозможи редовна индексација на пензиите и одржување на пензискиот фонд без ризици.

Доколку Владата во септември одлучи за линеарно покачување, тоа би значело дека сите пензионери ќе добијат идентично зголемување, без оглед на висината на нивната пензија – мерка што често се применува за поголема правичност меѓу постарите граѓани.

Со овие најави, пензионерите имаат причина за оптимизам – 2026 може да донесе две зголемувања на пензиите, во март и во септември, со што стандардот на највозрасните граѓани ќе се подобри, а пензискиот систем ќе продолжи да се стабилизира.