strumica denes logo

Позитивен одзив кај граѓаните за проектот со Велика Британија!

Автор:

Датум:

јули 13, 2025

Автор:

Датум:

јули 13, 2025

Македонските граѓани го поддржуваат потпишувањето на Македонија на стратешкото партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за стратешки инфраструктурни проекти. Повеќе од 41 отсто од испитаниците од истражувањето на МКД.мк, кое го изврши агенцијата Маркет вижн, целосно или делумно го поддржуваат овој проект.

Негативен одговор дадоа 29,1 отсто од испитаниците.

По новинарските написи за криминалот со набавката на јаглен за потребите на ЕСМ, 53,1 % од испитаниците одговориле дека веруваат во информациите дека во овој криминал се вмешани семејството Заеви и Венко Филипче.

Голем дел од испитаниците, 59,3 отсто, веруваат во тврдењата дека поранешниот премиер Зоран Заев инвестира го изградбата на згради во Дубаи.

На прашањето „во која насока сметате дека се движат работите во Македонија“, 34,3 отсто од испитаниците одговориле дека насоката е правилна, а 40,5 отсто сметаат дека насоката е погрешна. Податоците покажуваат дека сѐ поголем број на испитаници сметаат дека земјата се движи во правилна насока.

Анкетирањето беше спроведено од 20 јуни до 4 јули со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.