Почитувањето на принципот на транспарентност подразбира обезбедување навремени и точни информации за граѓаните на општина Струмица, со цел директно и непосредно следење на работата и квалитетот на секој сектор и служба во рамки на Општината.
Токму во таа насока функционира СИСТЕМ 48, јавно достапен сервис за сите граѓани, кој веќе 14 години успешно ја отсликува работата на поголем дел од општинските служби. Преку овој систем, пријавените проблеми од страна на граѓаните најчесто се решаваат во најкраток можен рок.
Во периодот од јануари до декември 2025 година, преку „СИСТЕМ 48“ биле доставени вкупно 1.153 пријави. Од нив, 1.046 пријави се целосно решени и одговорени, додека преостанатите 107 се проследени до надлежните служби и се во фаза на решавање, поради потребата од подолг временски период од стандардните 48 часа.
Најголем дел од пријавите се однесуваат на проблеми со уличното осветлување – 777 пријави, потоа собирање комунален отпад – 241, водовод и канализација – 74, паркови и зеленило – 70, улици, патишта и тротоари – 19, како и 12 пријави поврзани со општинските инспекциски служби.
Од „СИСТЕМ 48“ упатуваат благодарност до граѓаните за укажаната доверба и користењето на сервисот, посочувајќи дека и понатаму остануваат во нивна служба за решавање на секојдневните проблеми преку бесплатните телефонски броеви 0800 14 848 и 076/484-848.
























