strumica denes logo

ПЕТАР МАРКОВ: Нема да се одземаат тракторите и приклучната земјоделска механизација кои се нерегистрирани и без сопственост!

Автор:

Датум:

март 12, 2026

Автор:

Датум:

март 12, 2026

Денеска во Собранието на Република Македонија на предлог на група пратеници меѓу кои и пратеникот Петар Марков се донесоа измени во Законот за возила кои беа директно побарани од земјоделците во Струмичкиот регион.

Согласно постојната регулатива односно за да се пушти возило во сообраќај на патиштата во државата неопходна е регистрација на истото, која постапка зависи од проверката на техничката исправност на возилото.

Имајќи во предвид дека постојат тековни предмети за постапките за утврдување на сопственички статус како и лица на кои не им е утвредена сопственоста на возилата заради не поднесување на барање за легализација на трактори, тракторски приколки и на мобилни машини, мотокултиватори, приколка за домување, други приклучни возила, се донесе ново законско продолжување на рокот за поднесување на барање за легализација.

Токму од оваа потреба заради заштита на правата на граѓаните и оневозможување на создавање на правна празнина и правна несигурност во оваа област и заради неможност за решавање на овие започнати постапки, со ова законско дополнување се уредува уште еден законски дополнителен рок за овие граѓани како и за останатите кои не поднеле барање за легализација, ќе имаат можност во законскиот рок предвиден во овој предлог истото да го реализират и да се затвори правно ова прашање кое како незавршена состојба постои во државата.

На физичките и правните лица на кои во постапка за утврдувањето статус на сопственик, односно во постапка на легализација на трактор, тракторска приколка, мобилна машина, мотокултиватор (…) во согласност со закон сопственичкиот статус не им е утврден со денот на влегувањето во сила на овој закон, статусот може да им се утврди со поднесување предлог за легализација на трактор, тракторска приколка, мобилна машина, мотокултиватор (…) до месно и стварно надлежен суд, според местото каде што се наоѓа живеалиштето на подносителот на предлогот за легализација.

Во предлогот за легализација подносителот ги наведува следниве податоци и ги доставува следниве прилози:
– идентификациски податоци – марка,
– тип, број на шасија и мотор,
– година на производство на возилата
– причините поради кои се поднесува предлогот,
– изјава заверена на нотар, со која подносителот под целосна материјална и кривична одговорност изјавува дека совесно го владеел возилото и дека за истите не се води друга постапка пред надлежен суд и
– приложува други докази кои ги поседува за возилата

Судот во рок од три дена од денот на поднесување на предлогот, преку огласната табла на судот, ги информира заинтересираните правни или физички
лица за поднесениот предлог. Објавувањето на известувањето од судот трае 30 дена од денот нa поставувањето на огласната табла.

По истекот на рокот, доколку со докажување на својот правен интерес заинтересираното лице писмено до судот не се обрати, судот во рок од 15 дена ќе донесе решение за легализација – утврдување сопственички статус на возилата.

Како избрани претставници на граѓаните ќе продолжиме да одговарање на нивните барања, во меѓувреме работејќи на многу решенија на досега констатирани проблеми.