strumica denes logo

Паѓаат цените на земјоделските производи, поевтини дињата и лубеницата, а веќе има и ајварски пипер

Цените на земјоделските производи започнаа да се намалуваат. Иако за некои производи тие и понатаму се високи на пазарите, сепак може да се каже дека чекор по чекор, започнаа да се намалуваат. Факт е дека трговците од профитот нема да се откажат така лесно и најмногу заработуваат, сепак продавачите велат дека цените досега биле високи и затоа што нема повеќе кој да произведува и дека сè е поскапено.

На пример, ако реколтата од минатата година на кочанскиот ориз земјоделците ја продадоа по цена од 20 до 35 денари за килограм, сега тој на пазарите се продава и по 100 до 120 денари за килограм. Цената на компирите е од 40 до 50 денари за килограм, кромидот 70 денари, лукот 150 денари за килограм. Грaвот се продава по 120 до 140 денари за килограм.

Она што најмногу се бара се сезонските овошја и зеленчук, како кајсии, праски, сливи, пипер, домати, крставици, марула и бостан.

Минатата година лубеницата беше 10 до 15 денари за килограм, сега нема да најдете лубеница под 30 денари. Ова лето и цената на дињата беше зголемена драстично. Ако цената до лани беше 25 до 30 денари килограм, оваа година на тезгите по пазарите дињите достинаа и до 100 денари за килограм, а на некои места дури и многу повеќе. Но, веќе не е така. Вчерашната цена на дињата на скопскиот Зелен пазар беше 50 денари за килограм.

Праските се продаваат за 60 денари за килограм, исто како и кајсиите, кои годинaва стигаа цена и до 130 денари. Грозјето, црно и бело, се продаваше за 50 денари за килограм.

Годинава висока цена држеа и модрите сливи кои се проаваа по 80 денари за килограм, но веќе нивната цена е 50 денари. Круши можете да најдете за 70-80 денари.

Доматите, краставиците и пиперките се вистински предизвик да ги испазарувте под цена од 60-80 денари за краставица, или 50-80 денари за домат. Исто е и за пиперките кои се движат од 50 до 80 денари. На пазарoт веќе може да се најде и ајварскиот пипер кој се продава по 100 денари за килограм.

Зелката се продава за 40 денари за килограм, а парче марула е 30 денари. 4 класчиња пченка чинат 100 денари.

Сепак, на пазарот ретко каде можете да купите производ дирекно од производителот. Повеќето се трговци кои рано наутро купуваат роба од поголем пазар, каде што се носи од други места, но ако ги побарате, ќе ги пронајдете и локалните продавачи кои имаат свои производи.

Автор:

Датум:

август 12, 2023

Категории:

Македонија