strumica denes logo

ОВА Е ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на производите на интернет – системот ќе се ажурира на дневна основа!

Автор:

Датум:

февруари 26, 2025

Автор:

Датум:

февруари 26, 2025

Вчера Собранието ги изгласа измените на законот за заштита на потрошувачите. Се очекува законот на сила ќе стапи откако ќе биде објавен во Службен весник, а трговците имаат рок од 45 дена да го усогласат своето работење со одредбите од овој закон.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според текстот на законот големите, средните и малите трговци кои вршат дејност трговија на мало, со шифра 47 согласно со Националната класификација на дејности – НКД Рев. 2.1, се должни на својата веб-страница да ја објават, одделно за секој свој продажен објект, тековната продажна, односно единичната цена во моментот на објавување на секоја стока што ја нудат за продажба. Усогласувањето на цените ќе се врши на дневна основа.

Инакуд 20.ти февруари на трговците им е ограничена и маржата за основните производи, по ценовниот шок кој удри по џебот на граѓаните во изминатите месеци.