Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Струмица. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
ОСТАВЕТЕ ГИ МЕДИУМИТЕ НА МИРА
ВИСТИНАТА СЕКАКО ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА
ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица во целост ја осудува реакцијата на Општина Струмица и директорите на училиштата кон портали и смета дека со тоа атакуваат врз слободата на медиумите.
Се потпишале дури 12 директори на основни и средни училишта, но ниту еден од нив не бил способен да напише демант, па јавно се закануваат на медиуми зошто објавиле писмо од синдикална организација.
Струмичани не се исплашиле на комунизмот во времето на Мара Минанова, не па да се исплашат на неколку директори кои сонуваат за комунизмот од некое друго време.
Времето на 20 годишно владеење на СДСМ во Струмица поминува, а падот на СДСМ ќе значи и откривање на криминалите низ струмичките училишта и јавни претпријатија!