strumica denes logo

ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ВАСИЛЕВО ДОБИ СТАКЛЕНА ГРАДИНА ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА!

Автор:

Датум:

април 17, 2026

Автор:

Датум:

април 17, 2026

ООУ „Гоце Делчев“ во Василево се збогати со нова стаклена градина, која ќе претставува значаен ресурс за едукација и практична настава на учениците, информираше градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.

Со реализацијата на оваа инвестиција, на учениците им се овозможува одблиску да го запознаат процесот на одгледување растенија, да развиваат еколошка свест и да стекнуваат практични знаења кои ќе им бидат корисни во понатамошното образование и секојдневниот живот.

Од локалната самоуправа посочуваат дека ваквите проекти се од особено значење за создавање поквалитетни услови за образование, како и за поттикнување на здрави навики кај најмладите.

Проектот „Од училница до градина“ е финансиран од ОБСЕ и самото училиште.