strumica denes logo

ОК НАКОВСКИ ВОЛЕЈ СО ПОБЕДА ВО ГРАДСКОТО ДЕРБИ ПРОТИВ СТРУМИЦА ЖЕНИ!

Автор:

Датум:

март 13, 2026

Автор:

Датум:

март 13, 2026

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј синоќа забележаа нова значајна победа, откако во градското дерби славеа против екипата на Струмица Жени со 3:1 во сетови.

Со оваа победа, ОК Наковски Волеј уште еднаш покажа стабилна форма и потврди дека има важна улога на одбојкарската сцена во градот. Иако противничкиот состав успеа да освои еден сет и во делови од натпреварот да пружи силен отпор, одбојкарките на Наковски Волеј одиграа сигурно, дисциплинирано и квалитетно во клучните моменти.

По добиениот прв сет со 25:20, следуваше израмнување откако Струмица Жени го доби вториот сет со 21:25. Сепак, во продолжението Наковски Волеј повторно ја презеде контролата на теренот, го освои третиот сет со 25:21, а во четвртиот доминираше со убедливи 25:14 за конечна победа од 3:1.

Резултатот по сетови беше 3:1 (25:20, 21:25, 25:21, 25:14).