strumica denes logo

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

Автор:

Датум:

мај 12, 2024

Автор:

Датум:

мај 12, 2024

Пред нас е нов бран на повисоки температури, невообичаени за овој период од годината, но и нестабилност и врнежи, велат синоптичарите.

– На повидок ни е и првиот поизразен топол бран од Африка, а тој барем според моменталните следења и наблудувања ни доаѓа од средината на следната седмица, а особено за време на следниот викенд, напиша метеопрогнозерот Славчо Поповски на неговата веб страна „МетеоАларм“.

Тој дополнува дека во текот на следната недела се очекува температурите на многу места низ Македонија да се искачуваат до 30 степени.

Во најтоплите централни и југоисточни предели од државава температурите се очекува да се искачат и до 35 степени.

Сепак и покрај ова, атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така и во текот на следната седмица се очекува попладневна локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.