Очекуваниот животен век во ЕУ е 80,6 години, во Македонија 73,2!

март 20, 2024

Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година.

По избувнувањето на пандемијата COVID-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот животен век во ЕУ се зголемил, но се уште не ја достигна вредноста од 2019.

Регион во ЕУ со најдолг животен век е Мадрид во Шпанија со просек од 85,2 години, потоа Тренто во Италија со 84,4, Ил во Франција 84,1 и Стокхолм во Шведска со 84,0 години.

Најкратон очекуван животен век, пак, имаат жителите на неколку региони во Бугарија 72,3 години и во Унгарија 74,1 година.

Жените во ЕУ живеат подолго од мажите и нивниот очекуван животен век е 83,3 години, што е за над пет години повеќе од мажите чиј просек е 77,9 години.

Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Македонија за 2022 година. Според податоците од 2021, Македонците во просек живеат 73,2 години. Животниот век на жените е 75,5, а на мажите 71,1 година.

Во 2021 е заблежан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во спроедба со 2018 кога изнесувал 76,7 години. /МИА

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ