Како што информираат организаторите, Струмичкиот карневал оваа година ќе се одржува во периодот од 18 до 25 февруари, а големото карневалско дефиле е закажано за сабота, 21 февруари, по веќе утврдената и традиционална траса низ струмичките улици.
Новина во програмата е тоа што веднаш по завршувањето на дефилето, прославата ќе продолжи со концертна забава на плоштадот во Струмица, со што се очекува уште поголема атмосфера и забава за сите посетители.
Од организацијата посочуваат дека сè уште се во тек преговори со изведувачите кои ќе настапат на концертот, а имињата ќе бидат соопштени дополнително.
Повеќе информации за целосната програма и другите активности поврзани со Струмичкиот карневал ќе бидат објавени во наредниот период.

























