strumica denes logo

НОВА ПЕСНА ОД СТРУМИЧАНКАТА СЛАВИЦА АНГЕЛОВА: „101 РАНА“

Автор:

Датум:

јануари 26, 2026

Автор:

Датум:

јануари 26, 2026

Младата струмичанка Славица Ангелова го претстави својот нов сингл и видеоспот „101 рана“. Песната носи емотивна приказна за љубовта и болката, со акцент на трагите што остануваат и кога човек се обидува да биде силен.

Текстот го пишува Ангелова заедно со Андрејник, кој работел и на продукцијата, аранжманот, миксот и мастерот, додека копродуцент е Димитар Николов. Видеото е во режија на Горан Симијаноски, со визуелни ефекти на Матеј Јордановски.

„101 рана“ е нејзин трет сингл, по „Руже и крв“ и „Стакла“ (дует со Панче Касапски), а доаѓа по успехот што го оствари како победничка на „Ѕвездите на Гранд“ во 2023 година.

  • Banner