Нова година се паѓа во недела, еве кои се неработни денови во јануари!

декември 15, 2023

Еден неработен до крајот на оваа календарска година. За припадниците на турската заедница во земјава, неработен ден ќе биде 21.декември (четврток), кога се одбележува Денот на настава на турски јазик.

За сите граѓани неработни денови до крајот на годинава нема. Новата година ќе се дочекува на 31. декември што се паѓа во недела, а тоа значи дека за повеќето неработен ден ќе биде понеделникот (1.јануари).

Во првиот месец од претстојната година неработни денови ќе бидат 5, 8 19 и 27 јануари.

За сите граѓани неработен ден ќе биде 7 јануари (недела), првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник).

За граѓаните од православна вероисповед:

– 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ,

– 19 јануари (петок), Богојавление (Водици).

За припадниците на српската заедница неработен ќе биде 27 јануари (сабота), Свети Сава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ