Струмица на 21 март 2026 година ќе биде домаќин на едно вистинско музичко доживување. Една од најпрепознатливите регионални музички ѕвезди, Нина Бадриќ, доаѓа во „Velvet“, каде публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции, врвна музика и незаборавна атмосфера.
Со своите безвременски хитови, препознатлива интерпретација и силна сценска енергија, Нина Бадриќ ветува спектакуларен настап што љубителите на добрата музика долго ќе го паметат. Настанот во „Velvet“ најавува ексклузивна вечер, создадена за сите генерации кои сакаат квалитетна забава во елегантен амбиент.
Организаторите најавуваат голем интерес за овој музички настан, а резервациите се веќе отворени на телефонскиот број 076/263-777.
21.03.2026 – „Velvet“ Струмица. Вечер резервирана за музика, емоции и уживање со Нина Бадриќ.



























