strumica denes logo

НЕМАЛО ПРОПУСТИ ВО СЛУЧАЈОТ СО ПОЧИНАТОТО БЕБЕ ОД СТРУМИЦА, ОД ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ВЕЛАТ ДЕКА БЕБЕТО БИЛО ДОНЕСЕНО ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА И СО ТЕШКА СЕПСА!

Автор:

Датум:

ноември 7, 2024

Автор:

Датум:

ноември 7, 2024

Вонредниот инспекциски надзор на Државниот и здравствен инспекторат не утврди пропусти во случајот со бебето старо осум дена кое почина пред неколку дена на Детската клиника, а беше донесено од Струмица.

Од Здравствениот инспекторат велат дека вонреден надзор бил направен и во Детската клиника и во струмичката болница, но и кај матичниот гинеколог на мајката. Бебето според лекарите од Детска било донесено во критична состојба и со тешка сепса.