Делегација на НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица присуствуваше на почеток на изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Ова е стратешки енергетски проект од големо национално и регионално значење.
На свечениот настан со кој симболично е означен почетокот на изградбата на интерконекторот за пренос на природен гас меѓу Македонија и Грција – свое обраќање имаше претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски.
НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица ќе има за задача да изврши рекогностицирање на должд трасата на гасоводот и археолошки надзор!