strumica denes logo

МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ДО КОСТАДИНОВ: Беше подадена рака за решавање на проблемот со градинките, вие одбивте – Немам време за „шушкање“, овде сум да ги решавам проблемите!

Автор:

Датум:

мај 30, 2025

Автор:

Датум:

мај 30, 2025

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, реагираше на прозивките од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, во врска со проблемите со финансирањето на градинките во општината.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во нејзината изјава, министерката ја информира јавноста дека од нејзина страна биле преземени сите неопходни чекори за да се овозможи конструктивен дијалог и навремено решавање на состојбата.

„Од моја страна како министер за финансии беше подадена рака за решавање на проблемот со градинките. Уредно одговорив на барањето за средба кое беше испратено до мене, а кое, како што самите можете да прочитате од дописот потпишан од градоначалникот, е по препорака и иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при Советот на општина Струмица“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека во одговор на барањето упатила покана за средба до градоначалникот Костадинов и до советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, нудејќи неколку можни термини и покрај нејзината исполнета агенда.

„Јас сум министер за финансии и немам време за ‘шушкање’, туку само за решавање на проблемите – пред сѐ транспарентно и ефикасно“, децидна е министерката.

Со ова, таа повторно ја истакна својата отвореност за институционална соработка и конструктивен пристап во интерес на граѓаните, особено кога станува збор за чувствителни прашања како што се условите за најмладите во детските градинки.