strumica denes logo

МИЦКОСКИ: Денес нè нарекуваат бугарофили, утре ќе измислат нешто друго – СДСМ одамна го изгуби својот идентитет и начин на делување!

Автор:

Датум:

мај 13, 2026

Автор:

Датум:

мај 13, 2026

Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу скоро ќе се соочат на избори, рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на тоа што лидерот на СДСМ ја нарекол ВМРО-ДПМНЕ бугарофилска партија.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Мицкоски истакна оти ова не заслужува дополнителен коментар, затоа што, како што истакна, тој утре ќе каже нешто друго.

– Не можам да го коментирам тоа затоа што утре нешто друго ќе рече. Претпоставувам ќе измисли некоја друга придавка. Практично, човекот секој ден кажува, и раководството на СДСМ генерално, секој ден кажуваат работи кои прво се некултурни, а второ тоа што го соопштуваат во јавноста во текот на денот неколкукратно го менуваат. Така што претпоставувам до вечер ќе бидеме некаква друга „филска“ партија, рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.