Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ, СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ:
Бараме колективна оставка на целото раководство на ЈПКД Комуналец, на чело со Костадинов бидејќи сами докажаа колку се неспособни.
Да резираме и да се обидеме да најдеме логика во неразумното однесување на Костадинов.
Откако настана еколошката криза со чиста вода за пиење и опасноста по здравјето на граѓаните, цело време обвинуваше дека Водостопанство и Влада се криви поради нечиста вода од брана Турија, ниско ниво на водостој на браната, метали и нечистотија во водата и т.н.
Го обвини и ВМРО-ДПМНЕ дека е криво!
Единствен спас кажа, е да се наполни брана Турија и да се разреди металот во водата и дека пречистителната станица функционира идеално.
ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ НЕМА НИВОТО НА ТУРИЈА Е ИДЕНТИЧНО – САМО ФАБРИКАТА ЗА ВОДА ВО СТРУМИЦА СЕ ИСЧИСТИ.
КОЈ Е СЕГА ОДГОВОРЕН ЗА ЕКОЛОШКАТА КАТАСТРОФА?
После механичкото чистење кое го направи Комуналец и хиперхлорирањето на водоводните системи Костадинов реши сам да биде и инспектор и судија.
Мораше АХВ да им го наложи чистењето!
Објавува дека има чиста вода за пиење, без соодветните државни институции тоа да го дозволат.
Тоа е елементарно непочитување на државните институции и Р. Македонија и ризик за загрозување на здравјето на сите нас.
Овие институции до пред 4 месеци ги раководеа партиски другари на Костадинов. Самиот тој е Градоначалник на Струмица.
Непочитување на државните институции е самоволие, непочитување на народот и државата и повлекува одговорност пред народот.
БАРАМЕ ИТНА ОСТАВКА ОД КОСТАДИНОВ ПОРАДИ ДОКАЖАНОТО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА РИЗИК ПО ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА СТРУМИЦА.