СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.П.(38), Н.Н.(29), П.Т.(41) и К.Г.(20), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „предизвикување општа опасност“. Во јануари 2026 година, на влез од с.Владевци, второпријавениот предизвикал пожар на товарно возило „мерцедес“, додека на 21.02.2026, пријавените опожариле патничко возило „ланд ровер“, при што пожарот се проширил на патничко возило „форд куга“ и кров од куќа.
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЧЕТВОРИЦА СТРУМИЧАНИ: СЕ ТОВАРАТ ЗА ДВА СЛУЧАИ НА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР!




























