Кинеската национална вселенска администрација активно работи на унапредување на технолошките можности на мисијата Chang’e 8, а за да ја достигнат таа цел, во потрага се по партнери меѓу различни истражувачки институти и компании во намерата да се развијат врвни инструменти.
Мисијата Chang’e 8 ќе биде лансирана во 2028 година, а ќе вклучува испраќање на лендер, ровер и оперативен мултитаскинг робот на Месечината. Се очекува дека бројот на научни инструменти за вршење на опсежни опсервации и собирање клучни податоци за лунарната површина ќе иснезува вкупно 14. Сите тие ќе бидат од корист за идните истражувања.
Агенцијата моментално прифаќа предлози за развој на девет инструменти, како и пријави за дизајнирање и развој на робото тежок 100 кг, со способност за фаќање, носење и поставување предмети, како и за користење лопати и пренос на лунарна почва.
Роботот би работел на батерии и ќе мора да биде способен внимателно да составува објекти на лунарната површина, како и да се движи со минимална брзина од 400 метри на час.
Се очекува дека тој робот ќе собира карпи и ќе ги става во уред со висока технологија, кој е дел од роверот. На овој начин ќе се овозможи анализа на хемискиот состав на карпите и нивната старост, што ќе даде увид во геолошката евлуција на М
Предлозите за се ќе мора да се предадат до 10 март со детали за техничката изводливост, буџетот и проценетиот временски рок за развој на инструментите.