strumica denes logo

„Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата

Автор:

Датум:

септември 1, 2025

Автор:

Датум:

септември 1, 2025

„Не ја менуваме нашата мисија, само ја менуваме патеката. Јас сум со вас и пред вас – и нема да ве водам таму каде што не би одел сам“ – им порача Зоран Витанов на членовите на Лајконет Македонија. Во поопширната вибер порака појаснува дека веќе се работи на пронаоѓање одржлив, етички и профитабилен бизнис модел „каде што повторно ќе можеме да работиме со чиста совест и гордост на идејата која плени: здружена заедница на трговци и купувачи“. Воедно, повикува да не се обвинуваат меѓусебно, туку да ги разгледаат можностите и да поведат заедничка постапка за заштита на „сите маркетери“.

Откако странските медиуми минатата недела известија дека банкротот е неизбежен за MyWorld International AG, внимението е насочено и кон Витанов, иако Мај Ворлд Македонија е под раководство на Радован Витошевиќ. Познато е, Витанов ја предводи Лајконет Македонија и е долгогодишен претставник на Лајконет Аустриа ГмбХ, кој е засегнат од стечајот. А, во нејзини рамки е и Лајконет Македонија.

Пари ги побара и Витошевиќ и Витанов. На повикот одговори само Витанов, кој нагласи дека е оштетен и дека ќе покрене соодветна правна постапка. Својата позиција во целиот случај едноставно ја објасни:

„Корисник сум на на апликацијата којашто бесплатно се инсталира и враќа пари на секое купување во четириесет и кусур земји. И бидејќи ми се допаѓа, можам освен MyWorld член да станам и Lyconet член, и едното и другото е бесплатно. Но, кога правам моја куповна заедница, кога моите купувачи пазарат и штедат, ние Lyconet членовите од тоа добиваме провизија. Ние сме корисници на компанијата. Некој направил поголема мрежа, некој помала. Но, немаме ингеренции да зборуваме во име на компанијата. Луѓето мене ме поистоветуваат со компанијата, затоа што направив голема куповна заедница, но немам увид во книгите и не знам што се случува. Јас сум дистрибутер на програмата и на платформата, но не сум во менаџментот“.

Целосната вест може да ја погледнете на PARI.MK

ИЗВОР: PARI.MK