Со многу емоции, почит и благодарност, во СОУ „Јане Сандански“ вчера беше испратен во пензија професорот по географија, Костадин Каркаљашев.
Ходникот на училиштето беше преполн со ученици и колеги, кои со аплаузи и топли зборови му оддадоа признание за долгогодишната посветеност во образованието.
Професорот Каркаљашев остави длабока трага во воспитно-образовниот процес, изградувајќи генерации ученици со љубов, разбирање и вистински вредности. Неговите часови по географија не беа само предавања, туку инспирација за младите да го запознаваат светот, да размислуваат критички и постојано да се надоградуваат.
Колегите и учениците истакнаа дека неговата човечност, професионалност и посветеност ќе останат трајно врежани во спомените на сите што имале чест да учат и да соработуваат со него.
Од училиштето му посакаа среќни, мирни и исполнети пензионерски денови, со надеж дека ќе продолжи да го споделува своето знаење и мудрост и во наредниот животен период.




























