strumica denes logo

ГОРДОСТ ЗА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО: ДИМИТАР ЈОВАНОВ СО ТРИ МЕДАЛИ НА БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ!

Автор:

Датум:

јануари 26, 2026

Автор:

Датум:

јануари 26, 2026

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари средба со младиот и успешен каратист Димитар Јованов од село Пиперево, кој постигна одличен резултат на Балканското првенство во карате што се одржа во Србија.

Јованов се закити со три медали, освојувајќи прво место во категоријата Кихон Кумите, второ место во категоријата Кати – поединечно, како и трето место во категоријата Кихон Кумите.

Од општина Василево истакнуваат дека ваквите успеси се гордост за целата заедница и силна мотивација за младите спортисти, упатувајќи честитки до Димитар Јованов и желби за уште поголеми спортски достигнувања во иднина.

  • Banner