strumica denes logo

Фондацијата „Елеуса“ со нова хуманитарна акција во пресрет на Петровден!

Автор:

Датум:

јули 8, 2025

Автор:

Датум:

јули 8, 2025

Во пресрет на големиот христијански празник Петровден, во чест на светите апостоли Петар и Павле, фондацијата „Елеуса“ повторно ја покажа својата хуманост. Волонтерите на фондацијата деновиве ги подготвија и започнаа со дистрибуција на хуманитарни пакети со прехранбени производи, наменети за социјално загрозените семејства во Струмичката епархија.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во рамки на оваа традиционална акција, која фондацијата ја спроведува секоја година, беа подготвени и доставени над 200 пакети директно до домовите на семејствата на кои им е најпотребна поддршка.

Фондацијата „Елеуса“ и овој пат потврди дека грижата за ближниот и практикувањето на христијанските вредности се столбови врз кои се темели нејзината мисија, да помогне таму каде што е најпотребно.

  • Banner